
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СРБИЈА ПРАВЕШЕ ЏИМИРИНКИ: „Семејството е столб, а обичаите не одржуваат“ (ФОТО)
Српскиот претседател Александар Вучиќ го посети семејството Радиќ во Шупљак кај Суботица, каде што е сеозна на колење на свињи.
По тој повод тој сподели и фотографија на својот официјален Инстаграм профил.
– Го посетив домот на семејството Радиќ, во градот Шупљак кај Суботица, и имав можност да помогнам во изработката на овогодинешните џимиринки (чварки) барем на неколку минути.
Секако, пробав и џимиринки и колбаси и сланина, сето она што семејството Радиќ го подготви за своите гости и членовите на семејството.
Сакав да молчам, но на крајот беше штрудлата со афион. Семејството е столб на Србија, а обичаите се она што нè одржува. Да живее Србија – напиша претседателот.
Еве ја неговата објава:
Фото: Принтскрин/Инстаграм
