Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Претседателот на Клубот на извозници учествуваше на Самитот за глобална трговија во Дубаи
Економија

Претседателот на Клубот на извозници учествуваше на Самитот за глобална трговија во Дубаи

21/09/2023

AA

На 19 и 20 септември во Дубаи се одржа Самитот за глобална трговија и ланци на снабдување организиран од престижната британска групација “Економист”, на кој учествуваше претседателот на Клубот на извозници при Стопанската комора, проф. д-р Дарко Лазаров.

Главни покровители на самитот беа глобалните финансиски лидери ЏП Морган и Сити Банк, SAP, DP World и Axellext. 

На настанот учествуваа повеќе од 500 учесници од целиот свет, а говореа над 100 бизнис лидери од големи глобални корпорации како Тојота, Фереро, ГАНТ, Шнајдер, Астра Зенека, Јонсон и Јонсон и други; креатори на политики од Европа, Азија и Африка; претставници на меѓународни организации како Светска трговска организација, Европска комисија, Светска царинска организација, УНКТАТ, ЕБОР, ОЕЦД, ООН, Развојна Банка на Азија и други; претставници на стопански комори и бизнис асоцијации; еминентни професори од престижни светски универзитети; и глобални претприемачи. Настанот беше отворен од страна на Министерот за трговија и Министерот за инвестиции на ОАЕ.

Главни теми на самитот беа предизвиците на глобалната трговија, глобализацијата и новите трговски политики, и поврзувањата на МСП во глобалните ланци на снабдување.

Претседателот Лазаров имаше повеќе средби со претставници на компании, комори и меѓународни организации, при што, оствари и средба со преставникот на DP World на која средба разговараа за можностите за користење на услугите на “Trade Finance” програмата од страна на македонските извозни компании

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy