
Претседателот на Аргентина ја затвора единствената државна новинска агенција
Аргентинскиот претседател Хавиер Милај најави дека неговата влада ќе ја затвори единствената државна новинска агенција во земјата Телам поради „пропаганда на идеи“ на неговите политички противници, пренесе ТАСС.
Ќе ја затвориме агенцијата Телам, која во последните децении се користи како пропагандна агенција на кирхнеризмот“, рече шефот на државата на отворањето на парламентарната седница.
Мајли претходно изјави дека ќе ги префрли сите државни медиуми во приватни раце.