
Претседателот ја посети Сања Димковска која се откажала од примарната професија и сега успешно менаџира фарма
Да се откажеш од примарната професија и да се вратиш години и години наназад, со една цел, да одиш напред. Ова накратко е историјата на Сања Димковска која ја продолжила по стапките на родителите.
Претседателот Стево Пендаровски во рамки на кампањата „Лице в Лице“ денеска ја посети нејзината живинарска фарма „Четирце“.
„Користејќи ја моќта на дигиталните медиуми, освен за примарните производи, Сања поттикнала интерес за продажба и на домашно приготвена храна. Ентузијазмот и позитивната енергија на Сања треба да ги мотивира и да ги охрабри младите да веруваат во својот потенцијал и да придонесуваат во нашето општество“, пишува Пендаровски на Фејсбук.
