
Претседателката Силјановска Давкова доби куче од автохтоната македонска раса Караман
Претседателката Гордана Силјановска Давкова вчера доби посебен подарок – куче од автохтоната македонска раса Караман, кое ќе стане нејзин верен придружник и симбол на македонската традиција и дух.
-Денеска имав средба со претставници на Светската кинолошка федерација (FCI) и со македонските кинолошки експерти кои повеќе од дваесет години работат на афирмацијата на нашата автохтона раса. Очекувам македонското овчарско куче Караман наскоро да биде официјално признаено од FCI, што ќе биде историски момент за македонската кинологија и доказ за нашето богато културно и природно наследство. На средбата ми беше подарено куче Караман, симбол на верност, достоинство и македонски дух. Караманот е чувар на нашите планини, традиција и идентитет, а од сега ќе биде препознаен и ширум светот – напиша Силјановска Давкова на Фејсбук.
