Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НЕ САКА СО УЦЕНИ ВО ЕУ, ОЦЕНИЈА ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ Левица очекувала да говори за реките и за воздухот, Филипче, пак, во сè гледа криза
Македонија

ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НЕ САКА СО УЦЕНИ ВО ЕУ, ОЦЕНИЈА ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ Левица очекувала да говори за реките и за воздухот, Филипче, пак, во сè гледа криза

23/12/2025

AA

Партиите од власта, денешниот годишен говор на претседателката Гордана Сиљановска Давкова во Собранието го оценија како издржано образложение на нејзините годишни активности и предизвиците со кои се соочува државата меѓу другото и во контекст на евроинтеграциите. Додека, пак, за партиите од опозицијата, во говорот на шефицата на државата имало недостиг на визија и таа ја поддржала агендата на владеачката партија, а не општата состојба за сите граѓани на Републиката.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и потпретседател на Собранието, Антонијо Милошоски, говорот на претседателката го оцени како издржано образложение на нејзините годишни активности и согледувања на проблемите, предизвиците со кои се соочуваме како држава.

 

Фото: Принтскрин

 

– Она што е важно да се напомене е нејзиниот принципиелен став, кој се совпаѓа со мислењето на големото мнозинство на граѓани во Македонија, а тоа е дека нашата определба се европските интеграции и немаме дилема околу целта. Но, во исто време, со наметнувањето на билатералните прашања надвор од Копенхашките критериуми, дилемата е извесноста на патот до целта, откако претходната влада прифати големи концесии кои дополнително го комплицира овој процес на евроинтеграции. Во секој случај, ќе се продолжи со сите напори на политички, на дипломатски и на реформски план. Добро е што претседателката Сиљановска Давкова спомена дека Македонија има проактивна улога – не го констатира само проблемот кој што е наследен од претходните влади, туку нуди одредени свои проактивни решенија за изнаоѓање излез од ваквата наследена состојба, конкретно во разговорите со официјалните претставници во Брисел – вели Милошоски.

Тој ја потенцира заложбата на претседателката да делегира, да предложи претставници во Судскиот совет откако ќе се усвои новиот Закон за Судски совет кој е дел од Реформската агенда и кој очекува Собранието да го изгласа пред новогодишните празници.

– Доколку тоа успееме да го завршиме како обврска во Собранието, сметам дека ќе можеме следната година веќе да бидеме сведоци на системско, но и кадровско, човечко реформирање на Судскиот совет, којшто е можеби една од институциите која носи поголема одговорност за нискиот рејтинг од само 2 проценти на вкупното правосудство. И во комбинација со дебата која би се отворила во текот на следната година за изборот на нов државен обвинител, сметам дека можеме да дадеме дополнителна динамика во реформите во целото правосудство – рече Милошоски.

Пратеникот на Движењето ЗНАМ, Бобан Карапејовски истакна дека претседателката имала, според него, фантастичен говор кој е политички можеби невообичаен.

 

– Таа реши да зборува за една хипокризија што се случува во меѓународните односи во однос на Македонија, нешто што во политиката веројатно е вообичаено, се доживува преку составен дел од извршувањето на оваа професија, но веројатно и потребата како тоа веќе да се надмине, да се премине од една реална политика во политика на принципи, и во политика на докази, тој што направил нешто да си го добие заслуженото место во општеството, но и државата во меѓународните односи. Гаранциите за кои таа зборуваше во однос на што ние треба да го направиме меѓународно е нешто што е и наш став и наша идеја што таа ја реафирамира во овој момент. Ние сме подготвени да си ја завршиме домашната задача во меѓународниот пат, но сепак со едни силни гаранции дека тоа ќе биде последното нешто што треба да го направиме на тој интеграциски пат. Се надевам дека ќе се најде и политичко решение за нашиот долгогодишен статус на земја кандидат, но се разбира нашата домашна задача останува сето она што треба да го направиме на тој пат – рече тој.

Карапејовски оцени дека претседателката во духот на она што таа го претставува како избран претставник на сите граѓани, всушност ги сублимирала ставовите што провејуваат во општеството на овој план. Се надева дека ќе се направи обид да се изгради национален консензус околу прашањата што таа ги отворила во своето годишно изглање.

Пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ, пак, нагласи дека во говорот на претседателката имаше недостиг на визија, говорење флоскули, а имаше претставување на годишната агенда на ВМРО-ДПМНЕ, а не на политичката состојба за сите граѓани во државата.

Фото: Принтскрин

 

– Претседателката спомна дека природните богатства на Република Македонија се заеднички, дека нѝ припаѓаат на сите нас. Тогаш се поставува прашањето чие богатство е Дошница и сите наши реки на кои се ставаат хидроелектрани? Чие природно богатство е воздухот и нашите котлини, каде што се гушат нашите луѓе? Кога Претседателот се обраќа пред Парламентот и не го спомнува уништувањето на локалната животна средина, не успева да го спомне гушењето и труењето на нашите градови, ова изоставање не е неутрално, туку е патоказ дека молкот во овој контекст е индикатор на политика. Ова треба да биде морална мапа. Ова кое го слушнавме денеска требаше да биде морална мапа, ќе ни покаже што е ургентно за државата. Преку игнорирање на овие проблеми се сигнализира дека затруениот воздух, контаминираната почва и зголемувањето на стапките на болести на нашите граѓани се прифатени. И овие факти се доста познати, медицински документирани и искусени секојдневно од нашите граѓани ширум Република Македонија. Нејзиното изоставање на оваа реалност за нашите граѓани е нормализирање на штетата која им се чини секојдневно – рече Мециновиќ.

Пратеникот и претседател на СДСМ Венко Филипче, потенцира дека претседателката избрала да застане на страната на Владата, која според него, ја носи државата во изолација, наместо кон ЕУ.

Фото: СДСМ

 

– Се потврдува тоа што го зборевме, изминатите недели, месеци, се потврдува дека оваа влада, а денеска претседателката, даде поддршка, ја води Македонија кон изолација, дека европската приказна за нас е завршена, нема да има никакви реформи и следи голема криза. Жалам што претседателката не застана на страната на мнозинството граѓани кои сакаат оваа земја да ја видат интегрирана целосно во Европа. Жалам што не застана на патот на вистинските реформи, да ги подржи, да ги коментира, туку само некои квази реформи, некои делумно изменети закони кои што оваа влада ги претставува како вистинска реформа, а тоа не е тоа, затоа што, посебно законите во правосудството ќе овозможат само дополнителна партизација, поставување на свои партиски обвинители, партиски судии, еден процес кој што веќе го започна, со цел да продолжат коруптивните пракси и крадењето на парите на граѓаните – рече тој.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy