
ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ ПОДНЕЛА ОСТАВКА – Милева на местото на Каранфиловиќ
Настанале промени во директорските позиции на „чоколадната“ фабрика „Европа“, а компанијата за тоа извести преку Македонската берза.
Поднела оставка неизвршната членка и претседателка на Одборот на директори Марија Каранфиловиќ, а за нова претседателка на Одборот е назначена Наташа Милева.
„Акционерско друштво – фабрика за
чоколади, вафли и бонбони ЕВРОПА-Скопје, со седиште на ул.808 бр.8, Гази Баба,
Скопје, известува дека неизвршниот член и
Претседател на Одбор на директори Марија
Каранфиловиќ поднесе оставка од функцијата. За Претседател на Одборот на
директори е назначена Наташа Милева“, се вели во објавата од компанијата испратена до Берзата.
