
Претседателката Давкова ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Кралството Холандија, Узлем Џанел
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Кралството Холандија, Узлем Џанел. На церемонијата на предавање на акредитивните писма, што се одржа во Вила Билјана во Охрид, претседателката Сиљановска Давкова изрази особено задоволство од високо-развиените билатерални односи меѓу двете држави, кои се карактеризираат со интензивен политички дијалог и партнерски односи за што говори […]