Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Претреси на осум локации во Сарај и Ѓорче Петров, на две лица одреден притвор, поднесена кривична пријава
Македонија

Претреси на осум локации во Сарај и Ѓорче Петров, на две лица одреден притвор, поднесена кривична пријава

09/09/2023

AA

На 08.09.2023 во заедничка координирана акција на полициски службеници од СВР Скопје, Единица за недозволена трговија со дрога и оружје, Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и Интервентна полиција, како и Оперативен тим потраги при СВР Скопје, по претходно добиени наредби од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, извршени се  претреси на осум локации на подрачјето на Ѓорче Петров и Сарај, кај Б.Л.(27), Е.Ш.(35), Х.Л.(22), А.Ш.(28) и А.Ш.(28), А.З.(25), Ѓ.К.(27), Л.И.(19) и Д.М.(24).

При претресите пронајдени се докази за сторено кривично дело по чл.396 од Кривичниот законик за “неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали”, а во врска со претходно пронајдена поголема количина на муниција и автоматско огнено оружје на 23.08.2023.

Во полициска станица се приведени две лица, а се преземаат мерки и активности за пронаоѓање и лишување од слобода и на други лица инволвирани во кривичното дело.
Од страна на СВР Скопје до надлежното ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава против лицата за кои се обезбедени докази, а се обезбедуваат докази и за други инволвирани лица. Судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје на две лица им определи мерка притвор во времетраење од 30 дена.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy