
ПРЕСВРТ ВО ГОСТИВАР: Валбон Лимани убедливо го победи Невзат Бејта – познати резултатите и за Центар Жупа
Валбон Лимани, кандидатот на Националната Алијанса за интеграција, прогласува голема победа во трката за градоначалник на Општина Гостивар. Според првичните податоци на Државната изборна комисија (ДИК), тој остварил убедлива предност пред својот противкандидат.
Со преброени речиси сите гласови (96,69%), резултатите покажуваат двојно поголема поддршка за Лимани во споредба со кандидатот на коалицијата „Вреди“, Невзат Бејта.
Оваа разлика од над 7.500 гласови ја прави победата на Лимани недостижна и јасна.
Во Општина Центар Жупа, каде што имаше само еден кандидат, гласањето помина со многу мала излезност, што повторно го отвора прашањето за исполнување на цензусот.
Останува да се види дали ДИК ќе ги потврди изборите во Центар Жупа како успешни со оглед на ниската излезност.
