Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пресуди повредата на Нено: Македонија и по добра игра загуби од Естонија (ФОТО)
Спорт

Пресуди повредата на Нено: Македонија и по добра игра загуби од Естонија (ФОТО)

23/02/2024

AA

Македонската кошаркарска репрезентација со пораз го почна настапот во квалификациите за ЕП 2025 и тоа во вечерашната пресметка на домашен терен против Естонија со 69-74 (20-19, 23-17, 10-2, 16-17).

Ова е неуспех што двојно боли, со оглед што не само што беа загубени бодови пред своите гледачи, туку тоа го направивме во дуел со директниот конкурент за втората европска виза од нашата група, заедно со огромниот фаворит Литванија. Со нас игра и Полска, но таа е надвор од конкуренција со оглед што веќе има европски билет како еден од организаторите на следниот континентален собир.

Жолто-црвените не се посрамотија, играа повеќе од добро во најголемиот дел од средбата, што во два наврати во првото полувреме ни донесе предност со девет поени разлика (41-32). Тоа беше круна на серијата 8-0, како потврда на одличната партија на нашите момци предводени од фантастичните Ненад Димитријевиќ и Итан Хап, заедно со одличниот во овој дел од мечот, Стојан Ѓуроски. Но, противникот по второто вакво наше водство, во финишот од вториот и почетокот од третиот период постигна 11 поени во низа и направи целосен резултатски пресврт (45-43) како најава на крајниот епилог.

Нашиот отпор траеше се до финишот од претпоследната четвртина кога последен пат бевме во водство (53-51), по што Естонците со серија 9-3 повторно дојдоа до водство, кое го задржаа до самиот крај. Гостите точка на мечот ставија со седумте поени во низа кон средината на четвртиот период за единственото двоцифрено водство (72-62), што им беше олеснето бидејќи неколку минути претходно посериозна повреда заработи Димитријевиќ поради што мораше на клупата. Тој стисна заби во финишот и проба да игра и со една нога, но не успеа да направи чудо заедно со соиграчите.

Популарниот Нено со 25 поени беше најпрецизен кај Македонија, каде што неверојатно деби имаше Хап со 18 поени, 10 скока и по четири блокади и украдени топки. Вене и Коцар со по 16 поени беа најпрецизни кај Естонија.

Во првиот меч од нашата група одигран синоќа, Литванија лесно ја преслуша Полска (83-64). Македонската селекција в понеделник им гостува на Полјаците, додека Естонците ја пречекуваат литванската репрезентација.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy