Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Препукувања по поплавите во Батинци – Арсовска и Ѓеоргиевски со меѓусебни обвинувања за негрижа
Македонија

Препукувања по поплавите во Батинци – Арсовска и Ѓеоргиевски со меѓусебни обвинувања за негрижа

01/04/2025

AA

Излевањето на Маркова Река во селото Батинци, општина Студеничани, покрај материјалната штета, предизвика и политичка пресметка меѓу градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, и градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓеоргиевски.

Арсовска го обвини Ѓеоргиевски за „лажен хероизам“ и негрижа, посочувајќи дека поплавата е директен резултат на тоа што локалните власти не ја спроведуваат својата надлежност – редовно чистење и одржување на каналите.

„Со превенција се спречуваат поплави, не со глумење спасител за проблемите кои сами сте ги дозволиле“, порача Арсовска, додавајќи дека Противпожарната бригада на Град Скопје и екипите на ЈП „Водовод и канализација“ се веќе на терен и активно работат на санирање на штетите.

Но, претходно, Ѓеоргиевски во објава на социјалните мрежи соопшти дека веднаш по добиената информација за излевањето, од телевизиско гостување се упатил на терен да помогне, заедно со градоначалникот на Студеничани, Азем Садику. Тој ѝ забележа на градоначалничката Арсовска дека Град Скопје во неколку наврати одбил да интервенира во расчистување на речното корито, со образложение дека немало предвидени средства.

„Временските непогоди не можеме да ги спречиме, но можеме да делуваме за да нема големи последици. Материјалното ќе го поправиме заеднички – Бог нека нѐ чува сите, тоа е најважно“, напиша Ѓеоргиевски.

Додека механизацијата работи на терен, јавноста е сведок на нов бран меѓуопштински и институционални препукувања, кои се случуваат среде реална опасност за граѓаните – уште една потврда дека климатските ризици бараат координација и навремена превенција, а не само теренски настапи и политички реакции по штетата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy