Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПРЕМИЕРОТ ПЛЕНКОВИЌ ГО РАЗРЕШИ МИНИСТЕРОТ КОЈ ЈА НАПРАВИ КОБНАТА СООБРАЌАЈКА: Усмрти 40-годишен татко на две малолетни девојчиња
Регион

ПРЕМИЕРОТ ПЛЕНКОВИЌ ГО РАЗРЕШИ МИНИСТЕРОТ КОЈ ЈА НАПРАВИ КОБНАТА СООБРАЌАЈКА: Усмрти 40-годишен татко на две малолетни девојчиња

11/11/2023

AA

Премиерот Андреј
Пленковиќ попладнево изјави дека Марио Баножиќ, кој учествуваше во сообраќајна
несреќа со фатален исход, е разрешен од должноста министер за одбрана.

Сообраќајната
несреќа во која загина возачот на комбето рано утрово на излезот од Винковци, а
во несреќата учествуваше и министерот за одбрана Марио Баножиќ, ја предизвика
министерот Баножиќ, потврди заменик-државниот правобранител од Вуковар, Билјана
Лубуриќ.

Без да ги спомене
имињата на учесниците во несреќата, Лубуриќ на прес-конференцијата рече и дека
во текот на истрагата било наредено дејствија за собирање на сите податоци за
дополнително расветлување на околностите кои довеле до сообраќајната незгода,
вклучувајќи примероци од урина и крв за да се утврди присуство на алкохол.

Тие резултати ги
очекуваме наскоро“, рече таа и додаде дека правобранителството се уште ја нема
брзината со која учесниците ги возеле возилата, кои, како што утврди
полицијата, носеле појаси. Таа додаде дека податоците утврдени во досегашниот
тек на истрагата се собрани од разговорот со возачот на камионот.

Министерот
Баножиќ по несреќата првично бил хоспитализиран во Општата жупанска болница во
Винковци, од каде бил пренесен во КБЦ Осиек. Како што соопштија од болницата во
Винковац, тој претрпел првенствено повреди од контузија на главата и мозокот,
но не ја изгубил свеста.

Од Владата
потврдија дека министерот има тешки физички повреди, но е надвор од животна опасност.

Министерот не се
сеќава на сообраќајната несреќа

Министерот за
одбрана Марио Баножиќ, кој беше повреден во сообраќајна несреќа во саботата
наутро, има повреди на мозокот, градниот кош и екстремитетите и не се сеќава на
несреќата, изјави заменик директорот на КБЦ Осиек, д-р Крунослав Шего,
додавајќи дека моментално е надвор од непосредна опасност.

„Денеска околу
10:30 часот од Општата Жупанска болница во Винковци е пренесен 44-годишен
пациент, тој е министер во Владата на Република Хрватска, господинот Баножиќ.
Тој е префрлен на понатамошно лекување. Првично беше згрижен во Винковци, а
овде се вршеа дополнителни иследувања. Моментално е на одделението за
интензивна нега. Во овој момент тој е надвор од животна опасност“, изјави Шего.

Тој, сепак,
истакна дека со оглед на тоа дека се работи за политраума, треба да бидат многу
внимателни бидејќи здравствената состојба во вакви ситуации може нагло да се
влоши.

Според докторот,
Баножиќ не е целосно свесен, што е вообичаено за овој вид на мозочна повреда“.

-Станува збор за
политраума, повеќекратни повреди на телото, повреди на мозокот, градниот кош,
индиректно на абдоменот, повреди на екстремитетите, но невротраумата е
доминантна во моментов, изјави Шего.

Тој вели и дека
според досегашните тестови нема знаци на внатрешно крварење.

„Ќе биде
неопходно, не операција, туку процедура за репозиционирање за да се имобилизира
повредата на екстремитетот. Пациентот моментално е во таква состојба што
всушност не се сеќава на настанот, а освен тоа, состојбата на свест не е
целосна состојба на свеста“, рече тој.

Запрашан дали ќе
има потрајни последици по здравјето на Баножиќ, тој одговори дека се надеваат
дека нема.

„Секоја повреда
остава последици, но ако ситуацијата остане таква каква што е и ако текот на
закрепнувањето е како што предвидуваме, не би требало да има трајни последици“,
изјави заменик директорот на КБЦ Осиек, д-р Крунослав Шего.

Возачот на
комбето кој загина е 40-годишен човек од Привлака, татко на две малолетни
девојчиња. Тој е сопственик на градежен бизнис, а најверојатно возел кон
Винковци до едно од градилиштата. 

ФОТО: EPA-EFE/OLIVIER MATTHYS

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy