Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Премиерот Мицкоски го отвори реконструираниот пат Охрид – Св. Наум вреден 11,7 милиони евра
Македонија

Премиерот Мицкоски го отвори реконструираниот пат Охрид – Св. Наум вреден 11,7 милиони евра

13/06/2025

AA

Од брегот на Охридското Езеро, премиерот Христијан Мицкоски денеска го пушти во употреба реконструираниот регионален пат од Охрид до Св. Наум, проект кој долго време беше запоставен, а кој сега значително ќе ја подобри поврзаноста и безбедноста во регионот.

Со инвестиција од 11,7 милиони евра, беа реконструирани 24,3 километри од патот, вклучувајќи целосна санација на коловозот, нова сигнализација, безбедносни огради и проширување каде што теренот дозволуваше. Заедно со тоа, се реализираа заштитни интервенции на ризичните косини со цел да се обезбеди долготрајност и сигурност на сообраќајот.

„Овој пат не е само инфраструктурен проект, туку потврда за определбата на Владата да гради со план и визија, без многу галама, но со реални резултати“, истакна премиерот Мицкоски.

Во моментов се реализираат и други клучни инфраструктурни проекти во регионот, меѓу кои автопатот Кичево – Охрид, како и делниците Тетово – Гостивар, Гостивар – Букојчани, и подготовките за Букојчани – Кичево, што значително ќе го подобрат транспортниот прстен во Западна Македонија.

Премиерот потенцираше дека инфраструктурата не претставува трошок, туку инвестиција која отвора можности за развој на туризмот, економијата и креирање нови работни места.

„Во оваа година имаме значителен раст на туристичкиот сектор, со повеќе од 20% зголемен број на странски туристи во април споредено со минатата година, а и бројот на преноќувања бележи сличен раст“, рече Мицкоски.

Новопуштениот пат ќе ги поврзе туристичките капацитети и плажите на јужниот дел од Охридското крајбрежје со манастирскиот комплекс Св. Наум, еден од најзначајните духовни и културни центри на Балканот, и ќе ја олесни поврзаноста и со соседна Албанија.

„Охрид, како град под заштита на УНЕСКО, полека, но сигурно станува пристапна европска дестинација. Го поврзавме со светот преку нови авио линии, а сега овозможуваме и подобра сообраќајна инфраструктура“, нагласи премиерот.

Мицкоски заклучи дека Владата продолжува со политика на испорака, реални проекти и доверба, градејќи ја иднината на Македонија со труд, чесност и одговорност.

„Охрид заслужува, Македонија заслужува, а ние сме тука да го изградиме она што долго време беше запоставено“, порача тој.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy