
„ПРЕМИЕРОТ Е ВО ПРАВО ДЕКА 10 ОТСТО Е ПОВЛАСТЕНА СТАПКА, АМА ТРГОВСКО-УВОЗНАТА МАФИЈА ЈА НЕМА ЗАУЗДАНО“ – професорката Колозова со остра порака
По изјавата на премиерот Димитар Ковачевски дека 10 отсто е повластена стапка на ДДВ, со реакција се јави професорката Катерина Колозова, која вели дека главен проблем тука е што, како што нагласува „не е зауздана трговско-увозната мафија“.
„Премиерот е во право, 10 отсто е повластена стапка. Но, трговско-увозната мафија ја нема зауздано. Има ли Владата, економија и финансии, анализи, студии компаративни кои ќе ги оправдаат цените? Фон дер Лајен вчера ја слушавте? Нема енергетска криза која може да ги оправда цените – одамна. Удрете по коренот на проблемот, и решете го. Ние ве гласаме, не тие од коморите, газди на синџири на маркети и увозници. Не ни е до тие 10 отсто, туку на колку се ставени десетте посто“, пишува на фејсбук Колозова.
