
ПРЕМИЕРОТ Е ОПТИМИСТ: Колкав раст на БДП очекува?
Премиерот Христијан Мицкоски е оптимист дека растот на БДП ќе биде помеѓу 3,5 и 4 проценти.
Тој изјави дека растот се темели на реализација на инфраструктурните капитални проекти како и на зголемената потрошувачка.
„Минатата година, кога бевме избрани како Влада, Светската банка предвидуваше 1,8 отсто раст. Ние тоа го натфрливме со 70-тина проценти, имавме раст од 2,8 отсто. Третиот квартал, минатата година беше 3 отсто, четвртиот 3,2 отсто, а овој очекувам растот да биде помеѓу 3,5 и 4 отсто на бруто-домашниот производ“, напомена Мицкоски.
Рече дека сме една од ретките, можеби единствена во регионот — земја којашто има раст на индустриското производство, во првиот квартал.
фото Фејсбук/Христијан Мицкоски