Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Премиерот Џафери од Селце: Секое дете заслужува достојни услови за учење, континуирано вложуваме во квалитетно образование
Македонија

Премиерот Џафери од Селце: Секое дете заслужува достојни услови за учење, континуирано вложуваме во квалитетно образование

12/02/2024

AA

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери денеска заедно со министерот за образование и наука, Јетон Шаќири го означија почетокот на изградбата на основното општинско училиште „Рилиндја” во село Селце во Тетово.

Во продолжение ви го пренесуваме интегралното обраќање на премиерот Џафери:
„Денеска сме тука, во село Селце и започнуваме со изградба на сосема нов објект за основното општинско училиште „Рилиндја“ кое ќе им овозможи достојни услови на учениците од ова населено место.

Децата повеќе нема да учат во стари училници коишто се изградени во далечната 1954 година и во лоши услови, туку ќе следат настава во модерно училиште.

Новата училишна зграда ќе биде со вкупна површина од 2.400 квадратни метри, поделена на два ката. Проектирани се девет училници од по 24 ученици, една училница за деца од предшколска возраст, два кабинети за извршување на научно-наставна програма како и една училница за информатички науки.

Проектот ќе чини 100.000.000 денари и градбата се очекува да биде завршена до 2025 година.

Секое дете заслужува достојни услови за учење, без разлика дали живее во село или во град. Затоа постојано инвестираме во современи училишта и квалитетен наставно-образовен процес.

Само во последните две години, со реконструктивни активности за кои беа обезбедени буџетски средства, опфатени се 120 училишни објекти, а изградени се и 43 училишни спортски сали во основни и средни училишта. Се градат, доградуваат и опремуваат училишта низ целата држава, и со буџетски средства, но и со поддршка од меѓународни финансиски институции. Секако, финансиска поддршка за реконструкција и изградба на училишта и спортски сали од Владата првенствено треба да добиваат училиштата каде што е тоа најпотребно.

Воедно, подобрени се условите и за наставниците, и се создадени услови за нивно континуирано усовршување и за зголемување на нивните плати кое само во изминатите две години беше околу 35%.

Влогот во образованието е влог во иднината на државата, затоа што без образовани генерации, ниту едно општество нема да има напредок.

Нека е со среќа почетокот на изградбата на основното општинско училиште „Рилиндја“!

Ви благодарам на вниманието!“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy