Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПРЕКУ КОНКРЕТНА СОРАБОТКА НА СТОПАНСКАТА КОМОРАТА И БИЗНИС АКЦЕЛЕРАТОРОТ УКИМ: Македонските компании ќе дојдат до европскиот пазар, знаења и можности за финансирање
Економија

ПРЕКУ КОНКРЕТНА СОРАБОТКА НА СТОПАНСКАТА КОМОРАТА И БИЗНИС АКЦЕЛЕРАТОРОТ УКИМ: Македонските компании ќе дојдат до европскиот пазар, знаења и можности за финансирање

28/07/2023

AA

Комората, преку нејзиниот Совет за унапредување на високото образование и стратешки истражувања, и Бизнис Акцелераторот УКИМ ќе бидат мост за поврзување со истакнати ментори кои ќе им помогнат на македонските иноватори, универзитети, претприемачи и постоечки компании да ја унапредат нивната идеја и да ги подготват за аплицирање на отворените повици.

Во насока на поддршка на македонските компании за обезбедување нивен понатамошен раст и развој, Стопанската комора на Северна Македонија и Бизнис Акцелераторот УКИМ воспоставуваат соработка која ќе значи поврзување на компаниите со проектите финансирани од Европскиот институт за иновации и технологија (ЕИТ).

Соработката има за цел да придонесе за информирање на македонските компании за отворените можности за финансирање што се нудат преку проекти од ЕИТ, но и од други извори на финансирање.

Комората, преку нејзиниот Совет за унапредување на високото образование и стратешки истражувања, и Бизнис Акцелераторот УКИМ, ќе бидат мост за поврзување со истакнати ментори кои ќе им помогнат на македонските иноватори, универзитети, претприемачи и постоечки компании да ја унапредат нивната идеја и да ги подготват за аплицирање на отворените повици.

За таа цел, со поддршка на Советот за компаниите ќе бидат реализирани девет настани на кои ќе им бидат презентирани можностите за финансирање што се нудат преку ЕИТ програмите. Настаните ќе бидат поделени според полето на делување: производство, дигитализација, климатски промени, енергија, здравје, суровини, храна, урбано движење, култура и креативност.

Преку првиот заеднички регионален центар во Скопје, со кој раководи Бизнис Акцелераторот УКИМ кој и воедно е Национален секретаријат на ЕИТ за С. Македонија, ќе се обезбедува централизиран извор на информации за сите услуги и можности кои на иноваторите/компаниите им се обезбедени од целата ЕИТ заедница. Европскиот институт за иновации и технологија брои повеќе од 3.200 партнери од врвни деловни, истражувачки и образовни организации низ Европа со над 70-на иновативни центри и вкупен годишен буџет од над половина милијарда евра.

Европскиот институт за иновации и технологија е тело на ЕУ и составен дел на програмата „Хоризонт Европа“, како и од Рамковната програма на ЕУ за истражување и иновации. Има за цел да ја заканува способноста на Европа за иновации, преку засилување на решенија за итни глобални предизвици и со негување на претприемачкиот талент за создавање одржлив раст и квалификувани работни места во Европа.

Преку заедничкото делување на Советот за унапредување на високото образование и стратешки истражувања при Стопанската комора на Северна Македонија и на Бизнис Акцелераторот УКИМ ќе се работи на создавање на можност за пристап до советодавни услуги за различни аспекти од иновацискиот процес, но и негова комерцијализација.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy