Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Преку илегални канали 6 милијарди долари руски пари  влегле во Македонија?
Економија

Преку илегални канали 6 милијарди долари руски пари влегле во Македонија?

24/03/2023

AA

Во Македонија влегле 6 милијарди долари руски пари преку илегални канали и локални олигарси.

Парите во земјава се слеале прикриено и илегално во македонските финансиски текови од 2000 до 2020 година, соопшти Центарот за проучување на демократијата од Софија. Податоците се дел од анализа за ширењето на дезинформациите од Москва и дестабилизирањето на демократиите во Југоисточна Европа. 

Македонија како што се наведува последните години е изложена на многу силно руско пропагандно влијание, а тоа се вели дека е потпомогнато од илегално внесување руски пари преку политички партии, социјални групи и влијателни поединци преку кои Москва влијае и на политичките одлуки во државата.

Иако податоците од анализата покажуваат дека Русија најмногу ја проширила својата мрежа во Македонија, одекот сепак е помал отколку во Србија и во Бугарија, земји што се посочени како главни носители на руската пропаганда и спроведувачи на руското влијание во регионот. Бројките покажуваат дека наспроти европскиот просек од 3,6 отсто од БДП инфилтрирани руски пари во европските финансиски текови и економија, во Македонија тој процент изнесува 6 отсто од БДП за периодот од 2000-та до 2020 година. Исто така бројките покажуваат дека во Македонија најмногу од сите земји во Југоисточна Европа (Западен Балкан плус Хрватска и Бугарија) се објавени постови и се регистрирани интеракции од страна на руската амбасада на Фејсбук профилот лани, а одѕивот бил  173.000 интеракции, наспроти еден милион и 889.000 интеракции на слични активности на руската амбасада во Софија, а само 20.000 во Србија. 

foto freepik.com/jcomp

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина

24/09/2026
Македонија

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026
Македонија

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев

24/09/2026
Македонија

КРВАВ ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ Со остар предмет нападнал сосед, неговата

24/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ НА КОМЕМОРАЦИЈА НА ТЕРОРИСТИЧКИТЕ НАПАДИ ВО ЊУЈОРК Марк Руте

24/09/2026
Македонија

ДИРЕКТНА ЛИНИЈА СКОПЈЕ-ДУБАИ ОД МАРТ В ГОДИНА Министерот Николоски за

24/09/2026
Македонија

НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ИМ СЕ ИСПЛАТЕНИ 105,8 МИЛИОНИ ЕВРА, 90% ОД

24/09/2026
Македонија

СО ДАТА-ЦЕНТРИТЕ ОЧЕКУВАМЕ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ ОД 500 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Министерот

24/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45787
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина на Битола

24/09/2026

Вечерва во 22:18 часот по локално време, во југозападниот дел на Македонија е регистриран земјотрес со магнитуда од 3,3 степени

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026

Премиерот Христијан Мицкоски во Њујорк остварил средба со српскиот претседател Александар Вучиќ. – Остварив средба со претседателот на Република Србија,

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев ветува мерит систем, каде знаењето

24/09/2026

Заврши времето кога само етничката припадност беше услов за добивање работно место во јавниот сектор, а новиот закон за правична

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy