
Преку ЕУ Механизмот за цивилна заштита евакуирани 38 повредени од пожарот во Кочани!
Делегацијата на Европската Унија во Македонија информираше дека преку ЕУ Механизмот за цивилна заштита, досега се евакуирани во болниците ширум Европа, 38 повредени во трагичниот пожар во Кочани.
Тие упатија голема благодарност до македонските медицински тимови за неуморната посветеност, но и до странските земји за обезбедениот транспорт и третман на пациентите.