Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Преку ден топло, од попладне доаѓа невреме со дожд и ветер
Македонија

Преку ден топло, од попладне доаѓа невреме со дожд и ветер

03/11/2023

AA

Во петок во најголем дел од Европа ќе преовладува умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд, ветровито и свежо време. Локално се очекуваат поројни врнежи и услови за појава на невреме и локални поплави. Локално во централните, западните и крајните источни предели ќе преовладува претежно сончево време со локална облачност.

БАЛКАН – На Балканскиот полуостров ќе преовладува умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд, ветровито и посвежо време. Локално се очекуваат поројни врнежи. Во крајните јужни и источни предели претежно сончево време со локална облачност. Максималните дневни температури од 15 до 23 степени.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди и топло време. Во доцните попладневните и во вечерните часови продор на влажна и нестабилна воздушна маса која што ќе услови нестабилно време со пообилни врнежи од дожд. Ќе дува доумерен југоисточен и југозападен ветер кој што ќе достигне брзина до 35 км/ч. Врнежите од дожд ќе продолжат и во текот на ноќта петок кон сабота и ќе се интензивираат. Минималните температури од 5 до 13 степени, додека пак максималната дневна температура во Македонија утре ќе достигне до 15 односно до 24 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во Македонија во сабота ќе преовладува облачно време со пообилни врнежи од дожд, ветровито и посвежо време со пад на температурите. Локално се очекуваат да наврнат од 25 до 45 литри. Минималните температури од 5 до 13 степени, додека пак дневните од 8 до 17 степени. Во сабота во доцните попладневни часови врнежите ќе престанат и постепено разведрување. Во недела и понеделник по свежото утро со утрински температури од 2 до 10 односно од 4 до 12 степени, во текот на денот ќе преовладува претежно сончево време со појава на локална облачност и дневни температури од 12 до 21 односно од 14 до 23 степени. Во вторник во Македонија по свежото утро со температури од 2 до 10 степени, во текот на денот ќе преовладува претежно сончево време со појава на локална облачност и максимални температури од 12 до 21 степени.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy