Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Прекинато судењето за „Пулс“: На газдата на објектот не му било добро, мајка на жртва ги покажа модрите вени од инфузии!
Македонија

Прекинато судењето за „Пулс“: На газдата на објектот не му било добро, мајка на жртва ги покажа модрите вени од инфузии!

05/02/2026

AA

Потресни сцени, вербални пресметки и прекин на рочиштето го одбележаа денешното судење за катастрофалниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“.

Додека преживеаните сведочеа за стампедото и „спуштениот плафон“ кој станал огнена стапица, одбраната издејствува прекин поради влошената здравствена состојба на еден од обвинетите.

Тензиите го достигнаа врвот кога адвокатката на Гроздан Милковски (сопственик на објектот) побара прекин на судењето бидејќи обвинетиот не се чувствувал добро.

Ова предизвика бурен револт кај родителите на настраданите деца.

Мајка на 17-годишна жртва ги засука ракавите пред судијката, покажувајќи ги модрите вени:

„Сабајле ми ја откачија инфузијата за да дојдам на судењето, попладне се враќам во болница. Моето дете е во гроб, а овој човек кој ќутеше додека му ги полнеа џебовите, сега е неарен и бара прекин“, низ солзи реагираше мајката.

Иако судијката Дијана Груевска-Илиевска првично даде само пауза, судењето на крајот беше прекинато.

За преживеаните и семејствата на 63-те жртви, најголемиот страв остануваат долгорочните последици од вдишувањето на токсичниот црн чад, додека правдата, барем за денеска, е ставена на чекање.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy