Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Прекината комисиската расправа за избор на Љубомир Јовески за уставен судија
Македонија

Прекината комисиската расправа за избор на Љубомир Јовески за уставен судија

01/02/2023

AA

Претседателката на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, Марија Георгиевска попладнево ја прекина седницата на која се расправа за предлогот државниот обвинител Љубомир Јовески да стане уставен судија, а за продолжението на оваа седница, како што рече, пратениците ќе бидат известени од собраниските служби.

Во попладневниот дел од седницата имаше процедурални забелешки од пратениците на ВМРО – ДПМНЕ. Тие побараа да се прекине седницата и да ги добијат стенограмските забелешки од изјавата на претседателката на Комисијата Марија Георгиевска дадена во однос на интерпелацијата поднесена против неа, а се однесува на нејзиниот Извештај до претседателот на Собранието со кој побара кандидатите Татјана Васиќ Бојаџиев и Фатмир Скендер да бидат издвоени и Собранието да гласа за нив, по што тие беа избрани за уставни судии.

Во процедурално обраќање, пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ, Драган Ковачки истакна дека е беспредметно продолжувањето на оваа Комисија, посебно за оваа точка. Побара да се прекине седницата се до момент на завршување на постапката во Пленумот.

-Оваа точка треба да биде прекината. Оваа седница треба да биде прекината. Да ги ислушате аргументите што ги кажуваме. Да видите и да се уверите дека процедурата е прекршена. Да дозволите Пленумот да утврди дали процедурата е прекршена, па после ако Пленумот утврди дека не е прекршена процедурата, вие можете да продолжите. Меѓутоа, тука имате можеби и злоупотреба на службената должност. Можеби ќе треба да се процесира и понатаму. Јас тоа не го знам. Не сум истражен орган. Можеби ќе се доведеме во таква ситуација. И пак ќе го повторуваме истото дело од почеток. Тоа е дополнителна одговорност. Тука се кршат најмногу во оваа Собрание. Во моментов, мислам дека треба да ја прекинете седницата се до момент на завршување на постапката во Пленумот, затоа што сте направиле прекршок, според мене, сме поднеле интерпелација и таа треба да се заврши, па дури тогаш може да се размислува за тоа дали ќе одиме понатаму или не со изборот на овој катастрофален предлог од еден од колегите од владејачкото мнозинство, рече Ковачки.

Претседателката на Комисијата, Марија Георгиевска одговарајќи му на Ковачки рече дека треба да продолжат со работата по оваа седница.

-Придадовте звук на вашето говорење дека овде како да водиме судска постапка. Јас мислам дека сме колеги – пратеници и колегите – пратеници пристапуваат согласно своите убедувања за прекршување или непрекршување или било какво нарушување на правилата, односно на Деловникот на оваа Собрание. Вие ова неможете да го третирате како предмет и демек вие сега овде ќе не третирате како осуденик. Призвукот на вашиот говор беше таков. Не смееме да си дозволиме да даваме призвук дека заради одредена сугестија, односно барање на пратеничка група дека се нарушил Деловникот, дека треба да се става сомнеж на било кој пратеник, дека не може да продолжи со работа. Треба да продолжиме со работа по седницата, рече таа.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски во процедурална забелешка упати барање до пратеникот Велковски, доколку може по Деловникот да го повлече предлогот за Љубомир Јовески или тој самиот со писмено известување до Собранието да се повлече од изборот за нов уставен судија.

Тој смета дека тоа што се случува во Комисијата не е само кршење на Деловникот, туку е еклатантен пример дека само за одредени избран претседатели на одредени собраниски комисии, Деловникот може да важи или да не важи по потреба како што се толкува од личноста која што ја води Комисијата и тоа за мене е апсолутно недозволиво.

-Тоа доведува до недоверба во целата постапка за избор на уставни судии. Нашите кандидати кои не добија поддршка се професори кои ги напишале сите учебници по уставно право во Република Македонија. И сега, не се квалитетни професорите кои што ги пишувале учебниците од кои што самите овие што вие ги изгласавте за уставни судии учеле, туку се квалитетни овие кои што сега ние ќе треба да ги бираме и за овој господин за кој што десет часа во оваа Комисија се читаа скандали во неговото работење. Сега треба да му се возврати за неговиот ангажман и вие ќе треба да пишувате извештаи за кои што нема да бидат напишани во формата во која што се напишани, истакна Стојановски.

Претседателката на Комисијата, Георгиевска рече дека мора да го исправи Стојаноски, бидејќи она што е доставено до Пленумот не се работи за извештај, туку за известување за состојбата по однос на она што се случува по изборот за уставни судии во оваа Комисија и тоа се предлог-одлуки за име и презиме каде што мнозинството членови или заменици во Комисијата се изјасниле „за“ или „против“.

-Не се работи за извештај, туку предлог-одлуки со констатирано како е завршена расправата, кога е гласано, што е гласано, за кого се продолжува расправата итн. Тоа не е извештај, туку известување до Пленумот, рече Георгиевска, по што ја прекина работата по денешната седница.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy