
Прекин на сообраќајот на патот Кочани – Виница – Смојмирово поради поплава
Сообраќајот на патниот правец Р1304 Кочани – Виница – село Смојмирово е во прекин од вечерва, 4 август, од 20:40 часот, соопшти АМСМ.
Причината за прекинот е голема количина вода што се насобрала на коловозната лента, како и затворени испусни канали во близина на објектите на фирмите „Леда вин“ и „Ирибов“.
Сообраќајот е пренасочен преку алтернативната рута низ селата Зрновци, Јакимово и Истибања. Возачите се повикуваат на претпазливост и почитување на поставената сигнализација.