
Прекин на сообраќајот на овие патни правци!
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.
АМСМ информиора дека на 22.07.2025 година во време од 08:00–16:00 часот ќе биде обезбедувана велосипедска трка ХРОНО, при што сообраќајот на регионалниот пат граничен премин Пелинце на потегот од раскрсницата за с. Драгоманце до Меморијалниот центар АСНОМ во с. Пелинце ќе биде запрен.
Исто така, истиот ден на 22.07.2025 година во време од 08.00–17.00 часот ќе биде обезбедувана велосипедска трка МОУНТАИН БАЈК (тренинг), при што сообраќајот на патот во с. Добршане на регионалниот пат за Свети Николе до местото викано Студена Вода ќе биде запрен.
Повремено затворање на регионалниот пат Куманово – граничен премин Пелинце е планирано и за наредните три дена. (22.7.; 23.7. и 24.7.)