Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПРЕГОВОРИ МЕЃУ ЕУ И КИНА: Како да се спречат повисоки царини за електричните возила
Економија

ПРЕГОВОРИ МЕЃУ ЕУ И КИНА: Како да се спречат повисоки царини за електричните возила

20/09/2024

AA

Европската комисија (ЕК) и кинеската влада се договорија да ги интензивираат преговорите за да спречат дополнителни увозни давачки од ЕУ за електрични возила произведени во Кина, соопшти денеска ЕК.

Двете страни би можеле да го разгледаат и договорот за минималната цена, кој ЕУ претходно го отфрли, објави Ројтерс.

Европскиот комесар за трговија Валдис Домбровскис и кинескиот министер за трговија Ванг Вентао денеска зборуваа додека земјите од ЕУ се подготвуваат да гласаат за царини до 35,3 отсто, покрај стандардните увозни царини на Европската унија од 10 отсто за автомобили.

ЕК изјави дека дискусијата за тарифите за електрични возила била „искрена и конструктивна“.

Домбровскис нагласи дека истрагата на ЕУ против кинеските субвенции за нејзините производители ќе продолжи и истакна дека таа е заснована на факти и е дизајнирана да овозможи конкуренција и еднакви услови за игра.

Тој додаде дека двете страни ја потврдиле волјата за интензивирање на преговорите за изнаоѓање заемно прифатливо решение и се договориле да ги разгледаат ценовните обврски.

Домбровскис рече дека истрагата на Европската унија ќе продолжи.

Од друга страна, тој изрази загриженост за трговските истраги на Кина против увозот на ракија, свинско месо и млечни производи од ЕУ, што може да доведе до кинески царини, велејќи дека тие се неоправдани и засновани на сомнителни причини, пренесува Танјуг.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Даниела Димовска избрана за претседател на Основниот кривичен суд Скопје

08/07/2026
Македонија

Муцунски на билатерална средба со холандскиот колега Берендсен на маргините

08/07/2026
Македонија

Скопје ќе донира 1,2 милиони денари за помош на Венецуела

08/07/2026
Македонија

За шест месеци во Скопје собрани над 82.000 тони комунален

08/07/2026
Македонија

ФОТО Давкова во прв ред, лидерите го овековечија 36. НАТО

07/07/2026
Македонија

ПРИЈАВЕТЕ СЕ: Кавадарци избира крал и кралица за карневалот

07/07/2026
Македонија

Четири случаи на семејно насилство за едно деноноќие, едно лице

07/07/2026
Македонија

Полициски акции во Скопје, Гостивар и Прилеп – приведени девет

07/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44235
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Даниела Димовска избрана за претседател на Основниот кривичен суд Скопје

08/07/2026

Судскиот совет денеска ја избра Даниела Димовска за нов претседател на Основниот кривичен суд Скопје, со што таа и официјално

Муцунски на билатерална средба со холандскиот колега Берендсен на маргините на НАТО Самитот во Анкара

08/07/2026

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски оствари билатерална средба со министерот за надворешни работи на Холандија Том Берендсен. Средбата се

Скопје ќе донира 1,2 милиони денари за помош на Венецуела по разорниот земјотрес

08/07/2026

Град Скопје ќе обезбеди финансиска помош од 1.200.000 денари за справување со последиците од разорниот земјотрес што ја погоди Венецуела,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy