
Преглед на состојбите по невремето: Поплавени полиња во Демирхисарско, евакуираните во Кичево чекаат дезинфекција
Центарот за управување со кризи информира за состојбата по обилните врнежи до 19:00 часот
Битолски регион
На подрачјето на Општина Демир Хисар се евидентирани заезерени површини на земјоделско земјиште во атарите на селата Граиште, Бараково, Единаковци, Света и Жван.
Локалниот пат кон с. Мренога е затворен за сообраќај поради оштетување на мост, предизвикано од реката Боишка.
Скопски регион
До овој момент не се пристигнати пријави за нарушување на редовноста поврзани со последните врнежи. Состојбата се следи и е стабилна.
Охридски регион
На подрачјата на општините кои ги покрива РЦУК Охрид состојбата е смирена.
Кичевски регион
Во текот на денот се вршеше расчистување на последиците од поплавите на ул. Прилепска со механизација и човечки ресурси од ЈП Комуналец Кичево, Армија на Република Северна Македонија (касарна Кичево), волонтери од Црвен Крст ОО Кичево и месното население.
Евакуираните лица сè уште се сместени во салата Христо Узунов, каде им се обезбедува храна и лекови. Од утре, 13.01.2026 година, се планира дезинфекција на куќите на ул. Прилепска и постепено враќање на раселените лица во нивните домови.
Велешки регион
Нема нарушување на редовната состојба, освен едно јавување преку Е-112 за помали одрони на патниот правец Скопје – Велес.
Известена е Македонија пат, која најави интервенција на дежурна екипа.
Кумановски регион
