Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Префрлени 38,5 милиони евра за „Бехтел и Енка“ на последниот ден пред истекот на рокот
Економија

Префрлени 38,5 милиони евра за „Бехтел и Енка“ на последниот ден пред истекот на рокот

08/01/2025

AA

Министерството за транспорт на последниот ден од минатата година, за да ги испочитува роковите, на Јавното претпријатие „Државни патишта“ му префрли околу 38,5 милиони евра за „Бехтел и Енка“, изведувачот на автопатите од проектот Коридор 8 и Коридор 10Д.

На 31 декември од буџетот биле исплатени околу 2,36 милијарди денари, пари кои треба подоцна да легнат на сметката на американско-турскиот конзорциум за изградба на делниците Тетово-Гостивар-Букојчани, Требеништа-Струга-Ќафасан и Прилеп-Битола.

Ова е рекордна сума што беше исплатена за минатата година за „Бехтел и Енка“, откако претходно кон крајот на 2024 на наменската сметка беа префрлени 21, односно 7,5 милиони евра од посебната програма. Според тоа, минатата година била заокружена со околу 67 милиони евра пари на македонските даночни обврзници за работата на операторот која беше одобрена со специјален закон.

Владата со одлука пред три месеци паралелно со ребалансот на буџетот ги скрати парите за оваа година за „Бехтел и Енка“ од предвидените 250 милиони на само 67 милиони евра. Толку пари треба да добие Јавното претпријатие „Државни патишта“ како инвеститор до крајот на годината, а засега, иако се ближи крајот на годината, се вкупно помалку од 30 милиони евра.

Во последниот месечен извештај на „Бехтел и Енка“, поднесен на почетокот на декември до ЈП „Државни патишта“ како инвеститор, се наведува дека и во текот на октомври не е започнато трасирањето и асфалтирањето.

Во месечниот отчет на „Бехтел и Енка“ е напишано дека засега се вршат единствено геодетски мерења, проектирање, испитување на почвата и експропријација. Се работи на дизајнирање на автопатиштата, на отстранување на неексплодирани гранати и се внимава да не се оштети постоечката комунална, енергетска и комуникациска инфраструктура.

Како што пишува во извештајот, се конструираат помошни придружни објекти, се обезбедува потребна документација и градежни материјали. Ангажирани биле вкупно 1.455 работници, заедно со оние на партнерите, а бил исфрлен над 700.000 метри квадратни горен слој на несоодветно земјиште.

За автопатите на коридорите 8 и 10 д, што ги гради Бехтел и Енка, за 2025 година во буџетот на Министерстото за транспорт се предвидени 130 милиони евра. Планирано е да се работи комплетно на целата траса Тетово–Гостивар во должина од 17 километри, на Гостивар–Букојчани на приближно 17 километри и на Прилеп–Битола на 25 километри.

Активностите за тие проекти во 2024 година уште еднаш беа официјално стартувани, иако во 2023 година и претходната  влада која е потписник на Договорот, одржа свечености и постави камен темелници. Од четирите предвидени делници (Требеништа – Струга – Ќафасан, 22 километри), „Гостивар – Букојчани 30 километри), (Тетово – Гостивар, 17 километри) и (Прилеп – Битола, 40 километри), на 28 октомври 2024 на локацијата на трасата Гостивар Букојчани при увид на активностите беше објавено дека стартуваат конкретни градежни активности, откако биле решени најголем дел од предметите за експропријација. 

 – На терен веќе се видливи работите! Но, за да стигнеме до оваа фаза кога со, условно речено „голо око“ се гледаат активностите требаше да откочиме многу процеси поврзани со изградбата на Коридорите 8 и 10д. Имено, направиме огромни напори ние како ЈПДП и институциите на РМ да отвориме што поголем фронт за работа на Бехтел и Енка на трасите и изведбата да биде во рамките на роковите предвидени со Договорот. Ги забрзавме постапките за експропријација на сите три траси.  Па така, ескпропријацијата која според договорот требаше да биде завршена пред да дојдам за директор тапкаше во место и за 12 месеци имаше експроприрано само 1117 катастарски парцели, а откако сум дојден за директор за два и пол месеци експроприравме 2432 парцели. Во моментов, пак, од вкупно 4031 парцели за експропријација завршени се 3241, а 791 се во постапка, изјави претходните денови директорот на ЈПДП, Коце Трајановски.

Според него, резултатите од досегашната работа се видливи на терен со што на делницата Тетово–Гостивар е започнато да се работи на приближно три километри, на делницата Гостивар–Букојчани има активности на приближно шест километри и на делницата Прилеп–Битола се работи на шест километри. 

– На почетокот на наредната година очекуваме да се заврши со изградбата на камповите на изведувачот и очекуваме значително да се зголемат активностите на терен. За 2025 година планирано е да се работи комплетно на целата траса Тетово–Гостивар во должина од 17 км, на Гостивар–Букојчани планирани се активности на приближно 17 км и на Прилеп–Битола планирани се активности на приближно 25 км. Сето ова успеавме благодарение на заедничките напори со министерството за транспорт кое ни даде огромната поддршка и заедно ги решававме проблемите. Исто така, имавме интензивна соработка и со Бирото за проценка, Државното правобранителство, Управата за имотно правни работи, Агенцијата за катастар, Министерството за земјоделие, ЈП „Македонски шуми“. Наскоро ќе биде целосно решена експропријацијата, а паралелно со ова интензивно работиме на проектирање и расчистување на теренот, најавува Трајановски.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy