
„ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО МЛАДИТЕ РОДИТЕЛИ“: „Внимавајте на своите деца, мало дете се изгубило на плажата Сахара во Грција
На Фејсбук групата Грција инфо, по којзнае кој пат беше објавен апел до родителите да внимаваат и да си ги чуваат своите деца.
„ Предупредување до младите родители!
Луѓе внимавајте на вашите мали деца. Тие брзо исчезнуваат од вашиот поглед.
Само што бевме сведоци на многу трауматична потрага од мајка по своето дете.
По мачна потрага и многу солзи успеа да го најде своето дете.
Плажата и морето знаат да ви го одвлечат вниманието. А децата се љубопитни и сакаат да видат и да пробаат сè.
Во секој случај, тоа беше среќен крај на потрагата.
Плажата Сахара.“, стои во апелот.

