Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Предложен притвор за осомничен за тешка кражба во скопски хотел
Македонија

Предложен притвор за осомничен за тешка кражба во скопски хотел

11/07/2023

AA

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и предложи мерка притвор за 38-годишен скопјанец, осомничен за кривично дело – Тешка кражба според член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот е претходно повеќепати осудуван за истородни и други кривични дела и се наоѓал на издржување затворска казна во КПУ Затвор Прилеп, но побегнал и од 5 јули по него била распишана потерница.

Периодот додека бил на слобода го искористил да стори ново кривично дело, па на 8 јули во вечерните часови влегол во службени простории на хотел во Скопје и одзел туѓи подвижни предмети со намера противправно да ги присвои.

Од хотелот тој успеал да украде метален сеф заклучен со шифра, а во кој имало парични средства во износ од околу 1400 евра, како и клучеви од хотелот, неколку сим картички како и пет патни исправи на гости сместени во хотелот. Вкупната вредност на одземените предмети се проценува на околу 100.000 денари.

Потоа го напуштил местото на настанот, но се вратил следниот ден и кога се приближил до службениот паркинг, му пристапиле членови на обезбедувањето на  хотелот. Осомничениот со спреј за самоодбрана ги испрскал во очите и веднаш почнал да бега, влегувајќи во такси возило. Возилото било пријавено и сопрено од полициски службеници кај Градежен факултет Скопје, по што пријавениот бил лишен од слобода.

Во конкретниот случај според јавниот обвинител постојат околности што очигледно укажуваат на опасност од бегство, па до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје тој достави предлог за определување мерка притвор.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

САРА ДОЈДЕ ПО ПРАВДА СО МОДРИЦИ НА ЛИЦЕТО Корабоски не

27/11/2026
Македонија

НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ ИНЦИДЕНТИ НА ПРОСЛАВИТЕ НА ДЕНОТ НА АЛБАНСКОТО

27/11/2026
Македонија

НЕ САКААТ ПОЛИТИЧКИ МРШОЈАДЦИ, ПАРАЗИТИ И ПРОФИТЕРИ НА ПРОТЕСТИТЕ „Ниту

27/11/2026
Македонија

ОСУДЕН КОЧАНЕЦОТ КОЈ ИЗБЕГА ОД ПРОЗОРЕЦ ОД ПОЛИЦИЈА „Цуната“ призна

27/11/2026
Македонија

ОСУДЕН КОЧАНЕЦОТ КОЈ ИЗБЕГА ОД ПРОЗОР ОД ПОЛИЦИЈА „Цуната“ призна

27/11/2026
Македонија

РОКАС ПРИЗНА ДЕКА ЧЛЕНКИТЕ НА ЕУ МОЖАТ ДА ИЗНЕНАДАТ СО

27/11/2026
Македонија

📷 БАЛКАНСКИТЕ ЛИДЕРИ НА НЕФОРМАЛНА ВЕЧЕРА КАЈ СИЉАНОВСКА ДАВКОВА Утре

26/11/2026
Македонија

Реагираше и Ердоган по инцидентите во Грузија, турскиот претседател телефонски

26/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46958
  • Регион 4000
  • Свет 23
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

САРА ДОЈДЕ ПО ПРАВДА СО МОДРИЦИ НА ЛИЦЕТО Корабоски не се појави, побара изземање на

27/11/2026

Судењето за случајот со претепаната Сара Ѓорѓиевска денеска не започна во Основниот суд во Охрид. Обвинетиот Кристијан Корабоски не се

НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ ИНЦИДЕНТИ НА ПРОСЛАВИТЕ НА ДЕНОТ НА АЛБАНСКОТО ЗНАМЕ Тошковски вели дека полицијата

27/11/2026

Министерството за внатрешни работи ќе биде максимално фокусирано на одржување на безбедноста и редот во државата и ќе ги преземе

НЕ САКААТ ПОЛИТИЧКИ МРШОЈАДЦИ, ПАРАЗИТИ И ПРОФИТЕРИ НА ПРОТЕСТИТЕ „Ниту една повеќе“ им забрани присуство

27/11/2026

Неформалната иницијатива „Ниту една повеќе“ ги повика граѓаните повторно да излезат на протест против насилството врз жените, и им забрани

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy