Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Предложен притвор против четири лица, откриено поголемо количество марихуана во Скопје
Македонија

Предложен притвор против четири лица, откриено поголемо количество марихуана во Скопје

03/05/2023

AA

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, постапувајќи по поднесената кривична пријава од МВР-СВР-БЈБ-Единица за недозволена трговија со дрога и оружје, поведе истражни постапки против четири лица за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Четворицата соизвршители, тројца мажи и една жена на возраст од 49, 44, 19 и 45 години, сите роднински поврзани, неовластено набавиле вкупно 133,7 килограми наркотична дрога марихуана која ја држеле во авто-сервис во Ѓорче Петров. На 2 мај во попладневните часови спакувале 99,6 килограми марихуана и ја ставиле во автомобил. Движејќи се еден зад друг во три различни автомобили, се упатиле од авто-сервисот по улицата „Скупи“. Притоа, 19 – годишниот осомничен бил во последното трето возило кое имало за цел да предупредува доколку на патот забележи полициски службеници и патроли. Откако се обидела да ги запре полициска патрола, дел од осомничените се дале во бегство, но на булеварот „8 Септември“ биле запрени и лишени од слобода, а дрогата им била запленета. Остатокот од марихуаната бил пронајден при претрес на авто-сервисот.

Првиот осомничен се товари и за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик, бидејќи при претресот во авто-сервисот во негова сопственост биле пронајдени неколку куршуми муниција.

За сите четворица осомничени надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, бидејќи процени дека таквата мерка е неопходна за непречено водење на кривичната постапка.​

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy