
Предлогот за разрешување на Коцевски на седница на Влада
Предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски денес ќе биде разгледан на седница на Влада, по што ќе се достави до Советот на јавни обвинители.
-На владина седница ќе се разгледа мислењето доставено од Министерството за правда, по што согласно законските обврски, тоа ќе се достави до Советот на јавни обвинители. Како влада ќе продолжиме да преземаме активности кои се во насока на подобрување на функционирањето на правосудниот систем. Довербата на граѓаните е сериозно нарушена и затоа сме силно посветени конечно да владее правото и да имаме правна држава, информираa од прес-службата на Владата.
Министерството за правда подготви мислење за негово разрешување согласно законот, по завршената владина седница на 11 февруари. Владини претставници посочуваат дека довербата на граѓаните во правосудниот систем е нарушена и дека е потребно подобрување на функционирањето на правната држава.
