
Предлог законот за амнестија на осудените за 27 април не помина
Предлог Законот за амнестија на осудените со гласање 41 пратеник ЗА, 58 против и 1 воздржам, од вкупно 99 присутни пратеници во Салата, не помина на собраниската сенидница, објави адвокатот Јанаки Митровски чиј адвокатски тим, заедно со адвокатската канцеларија Пешевски и Тимовски ја поднесе иницијативата.
Предлогот беше ставен на гласање дали оваа точка да се најде на собранискиот дневен ред, но немаше доволен број на гласови од пратениците за истиот да помине, па тоа значи дека оваа иницијатива тука завршува.
Оваа иницијатива беше покрената пред извесно време, а ВМРО-ДПМНЕ ја прифати и ја поднесе како предлог закон до Собранието.

