Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Предлог-закон за амнестија: За ДУИ има хумана димензија – за албанската опозиција е политичко профитирање пред избори
Македонија

Предлог-закон за амнестија: За ДУИ има хумана димензија – за албанската опозиција е политичко профитирање пред избори

02/10/2023

AA

Предлог-законот за амнестија за Демократската унија за интеграција има хумана димензија, а за албанската опозиција – Демократското движење, Алтернатива и Движењето Беса – политичко профитирање пред избори.

Пратеникот на ДУИ, Арбер Адеми денеска на прес-конференција истакна дека ќе го поддржат Предлог-законот за амнестија и посочи дека интенцијата на Министерството за правда е издржана.

-Ние го поддржуваме предлог-законот за амнестија. Мислиме дека интенцијата на Министерството за правда е издржана, да има похумани услови за сите кои се по затворите. Во оваа насока, мислам дека само ќе придонесеме за да се обезбедат услови кои што сме приморани како држава да ги обезбедиме. Сепак, има хумана димензија и аспект во сево ова. А за да нема шпекулации во јавноста, со овој закон не се амнестираат убијците, тие што злоупотребиле службена положба, сторители на тешки кривични дела, тие кои се гонат, гонеле кои уште се во постапка од Специјалното јавно обвинителство, рече Адеми.

Одговарајќи на новинарско прашање за најавата од ВМРО-ДПМНЕ дека ќе ја напуштат работата на Собранието ако на овој предлог-закон се стави европско знаменце, Адеми потенцира дека тоа нема да биде во нивен интерес.

-Суштинското прашање е која е оправданоста да се блокираат сите закони? Бидејќи ова што се случува во овој мандат никогаш не сме го виделе. Нормалното функционирање на Собранието станало исклучок, а блокадите правило. Секој ден треба да поразговараме, да се убедуваме дали треба да помине некој предлог-закон или не. Ако помине ова, дај нека помине и овој. Што е ова? Пазарење? Е ова се случува во овој мандат, за жал. Ова никогаш не сте го виделе. Никогаш не сте виделе вакво однесување и ваков пристап кон храмот на демократијата – Собранието. Затоа, приморани сме државнички да размислиме и да поднесеме нов Деловник за работата на Собранието, кој ќе важи од следниот мандат. За овој срам што се случува во овој мандат, да не се повтори. Не може одредена политичка партија или еден поединец пратеник да ја блокира целата држава. Еден пратеник кој и да е, да ги блокира сите предлог-закони. Тоа воопшто не е оправдано. Сме се научиле за се да има блокади. Кога ќе преземеме нешто во интерес на граѓаните­? Кога ќе дозволи опозицијата? Мислам дека не оди во прилог на ниту една политичка партија да го блокира Собранието или пак да го напушти Собранието. Тоа нема да биде во нивен интерес, ако би се определиле за таква одлука, рече Адеми.

Фадил Зендели, пратеник на Движењето Беса, пак, во името на опозициските албански партии истакна дека овој предлог-закон е политичка пропаганда и политичко профитирање пред избори.

-Очигледно е дека Предлог-законот за амнестија е направен од политички интереси на одредени кругови во власта. Кажувам одредени кругови, затоа што се гледа дека и таму веќе не стојат сите зад овој предлог-закон, одредени политичари, пратеници и министри се спротивставуваат на предлог на законот. Предлог-законот се прави за политички цели, пред изборите. Се знае во какви околности се носат вакви закони и како луѓето кои се осудени со правосудни и судски одлуки како можат да се помилуваат, за тоа има институции, а таа надлежност ја има претседателот на државата. Не би сакала да давам конечен став додека да имаме конечна ситуација, конечен текст на предлог-законот за да можеме да одлучиме. Дека се работи за политичка пропаганда и политичко профитирање пред избори, тоа е несомнено, рече Зендели.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy