Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Предизвиците и решенијата на енергетските компании во време на енергетска транзиција
Економија

Предизвиците и решенијата на енергетските компании во време на енергетска транзиција

12/06/2024

AA

ЕВН Македонија и
Електродистрибуција учествуваа на седмиот енергетски форум МЕФ.

Брз одговор на
енергетската транзиција беше главната порака од сите учесници. Главните
предизвици и натаму остануваат воспоставување енергетска стабилност, преоптовареноста
на електроенергетската мрежа и нејзиното прилагодување на потребите на пазарот,
бариерите во регулативата, еколошката одржливост, сајбер заштитата итн.

Сашо Салтировски
од Електродистрибуција ги потенцираше постоечките предизвици и можни решенија
на патот кон енергетската транзиција. „Еден терават  договори за приклучок на обновливи извори,
повеќето за фотонапонски електрани,допринесоа до тесни грла и загушувања во
дистрибутивната мрежа, особено во приклучните точки помеѓу Електродистрибуција
и МЕПСО.  Секако, најлесна одлука е да се
инвестира во изградба на нова или реконструкција на постоечката мрежа, но тоа е
временски најдолго и најскапо решение кое може да ја доведе во прашање
исплатливоста на инвестиците во обновливи извори на енергија. Според него фокусот
треба да биде на исцрпување на можностите на постоечката мрежа преку инсталирање
и управување на складишта на енергија, имплементација на паметни мрежи,
децентрализација преку микромрежи. Тоа значи потикнување на градба на извори на
енергија близу до потрошувачката, имплементација на интелегентни решенија за
подобра прогноза на обновливите извори, искористување на можностите на
електричните возила за складирање на енергија и давање на системски услуги итн.

Енергетската
транзиција донесеи нови предизвици за државните и приватните работодавци кои сѐ
повеќе имаат потреба од обучен кадар во рамки на иновациите и развојот во
енергетиката.

Неопходно е брзо
испорачување на кадри кои порано не ни постоеле. Затоа е потребна синергија
помеѓу приватниот и образовниот сектор односно тоа што се нуди како кадар треба
да ги пресретне потребите на индустријата. Според претседателот на Управниот
одбор на ЕВН Македонија, Волфганг Маиер, новото време дава и големи шанси за
електро и машинските инженери, за ИТ кадрите кои се најсоодветно решение за
новите смарт технологии, за економските кадри, но голема улога има и личниот
капацитет и комуникациските вештини на секој поединец.

Македонскиот
енергетски форум (МЕФ) се организираше од Делегацијата на Европската унија во
државава и ЗИП Институтот, во партнерство со Фондации Отворено општество –
Западен Балкан.

На настанот се
обратија мандатарот за состав на нова влада Христијан Мицкоски, евроамбасадорот
Дејвид Гир, Амабасадорката на САД во Македонија Ангела Агелер, извршниот
директор на ЗИП институт Агим Селами и директорот на Фондацијата Отворено
општество – Западен Балкан Анди Добруши.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy