Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Предавање на претседателот Пендаровски на Државниот универзитет во Тетово
Македонија

Предавање на претседателот Пендаровски на Државниот универзитет во Тетово

14/02/2024

AA

Претседателот Стево Пендаровски денеска го посети Државниот универзитет во Тетово и одржа предавање пред студентите и наставниот кадар.

Говорејќи за македонската држава која од создавањето до денес е мултиетничка, мултикултурна и мултирелигиозна, претседателот Пендаровски посочи дека за земјата се важни два аспекти на кои се темели државата, односно дека меѓуетничките односи мора да бидат стабилни и да постои продуктивна меѓуетничка кохабитација. Во спротивно, додаде претседателот Пендаровски, ако има мајоризација на едни врз други, ќе има тензии и проблеми. Вториот аспект е дека Македонија мора да биде дел од евроатлантските интеграции.

„Одиме на Запад затоа што во Западна Европа и во Америка се наоѓаат најбогатите општества, најдобрите демократии, најдобрите универзитети, најдобрите здравствени системи, најнезависните правосудни системи и најслободните медиуми. Не постои ни еден пример во историјата на човештвото, а особено во 20 и 21 век, една држава да е економски просперитетна, а да не е демократија“, потенцираше претседателот Пендаровски.

Претседателот Пендаровски образложи дека единствено преку компромис може да одржуваме стабилни меѓуетнички односи и целосно да се интегрираме во главните институции на Западот. Во оваа насока, претседателот Пендаровски посочи неколку документи коишто се резултат на компромис, а кои биле клучни за стабилизација и развој на државата. Првиот компромис, истакна тој, е Охридскиот рамковен договор, а вториот, Преспанскиот договор кој овозможи државата да влезе во НАТО и требаше да ни обезбеди и членство во Европската Унија. Но, влезот во ЕУ, потенцираше претседателот Пендаровски, е закочен поради нелогични барања од соседна Бугарија.

„На македонските националисти не можеш да им објасниш дека ако шест или седум народи кои се веќе во Уставот не ја растуриле државата, 12 нема да ја растурат државата, исто така. Меѓутоа тоа е работа за којашто јас ќе се залагам. Зошто е многу важно да влеземе во ЕУ? Во Европска Унија мора да бидеме, пред сè, за да научиме како да ја организираме државата и општеството и за неколку години да биде исто рамниште на денешните развиени демократии. За да дојдеме таму мораме да го направиме и овој компромис“, рече претседателот Пендаровски.

Во своето предавање пред студентите претседателот Пендаровски се осврна и на, според него, најголемиот проблем во земјата, односно јазикот на национализмот за кој рече дека ги загрозува темелите на државата.

„Со национализам немаме добра демократија, со национализам сигурно немаш добри меѓунационални односи и со национализам нема да направиш ниту еден компромис кој мора да ги направиме за да бидеме дел од развиениот демократски свет. Во Македонија малку луѓе останавме и ако не се почитуваме меѓу себе со сите свои етнички, јазични и други специфики, нема да има среќа за никој од нас“, заклучи претседателот Пендаровски.

Интересот на студентите беше главно насочен кон причините поради кои нивните врсници масовно се иселуваат од државата, а од претседателот побараа и мислење како да придонесат кон градење на подобро, заедничко општество. Во оваа насока претседателот ги повика младите да бидат активни и гласни, да се организираат и да протестираат за секоја грешка на политичарите. Прашан за високиот степен на корупција во државата, претседателот Пендаровски истакна дека корупцијата не може да се искорени или барем да се сведе на минимум, ако нема санкции и казни.

На Државниот универзитет во Тетово претседателот Пендаровски, исто така, оствари средба со ректорот Јусуф Зејнељи и претседателот на Сенатот, Вулнет Амети на која беше информиран за функционирањето, тековните активности, досегашните успеси и идните планови на оваа образовна институција. Истовремено, во рамки на Универзитетот, претседателот Пендаровски ја посети и Лабораторијата за испитување и контрола на градежни материјали. Со професорите и студентите претседателот разговараше за нивните активности во насока на вршење контрола на квалитетот на градежните материјали.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy