
ПРЕД НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ ИМАЛО РЕКОНСТРУКЦИЈА: Се урна таван во училница во Србија
Се урна таван во училница во Србија.
Во основното училиште „Караѓорѓе“ во српското село Сараново во општината Рача кај градот Крагуевац денеска паднал таванот во една училница, а учениците се пратени дома и во училишната зграда нема да има настава, потврдија за агенцијата „Бета“ од Управата на училиштето.
Од утре ќе се организира настава на друго место. Како што дознава агенцијата од жителот на Рача, Томислав Вељковиќ, кој јави за несреќата, реконструкцијата на училишната зграда во Сараново завршила пред само четири месеци.
Ова не е прв ваков случај. Претходно, падна дел од плафонот на амбуланта во српско село, а во Белград патиките на една девојка пропаднаа низ подот во библиотека на факултет.
Лани на 1 ноември, се урна натстрешница во Нови Сад која уби 14 луѓе на лице место, а потоа починаа уште две повредени лица.
фото социјални мрежи