Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „ПРЕД НЕКОЕ ВРЕМЕ НЀ ЗАКЛУЧИ МЕНЕ И МАЈКА МИ ВО СТАНОТ, ГО МОЛЕВ ДОКТОРОТ ДА НЕ ГО ПУШТА“ – потресна исповед на мајката на младиот убиец од Загреб
Регион

„ПРЕД НЕКОЕ ВРЕМЕ НЀ ЗАКЛУЧИ МЕНЕ И МАЈКА МИ ВО СТАНОТ, ГО МОЛЕВ ДОКТОРОТ ДА НЕ ГО ПУШТА“ – потресна исповед на мајката на младиот убиец од Загреб

20/12/2024

AA

Градоначалникот на Град Загреб, Томислав Томашевиќ, ја прогласи сабота 21 декември за Ден на жалост во градот Загреб по повод трагичниот напад врз учениците и вработените во основното училиште Пречко.

Како што пренесуваат хрватските медиуми, млад човек од 19 години околу 10 часот упаднал во училиштето Пречко и со остар предмет повредил неколку ученици, од кои едно детенце почина, а наставничка e тешко повредена.

И самиот напаѓач учел во училиштето и живеел во негова близина. По инцидентот се обидел да се самоубие, но полицијата го спречила. 

Според информациите од хрватските медиуми, починатото дете има седум години, а повредени се пет деца.

Повредените ученици и наставничката се итно пренесени во болницата „Свети дух“ во Загреб. 

„Примени се неколку лица со тешки телесни повреди и исеченици по телото. Женското лице има убодни рани во пределот на градниот кош и беше подложено на итен оперативен зафат. Во моментот се наоѓа во животно загрижувачка опасност“, се вели во соопштението од болницата, пренесува ХРТ.

Повредените деца се пренесени во болниците во Загреб. 

„Едно од децата има седум, друго 11 години. Имаат повеќе убодни рани, но се надвор од животна опасност. Се вршат анализи со кои ќе се утврди дали на некое му е потребна операција. Детето кое со хеликоптер било пренесено во болницата во Дубрава, односно во нивниот хелиодром, е пренесено во КБЦ Загреб. Детето е надвор од животна опасност“, информираат од Клиниката за детски болести во Загреб.

На местото на настанот имаше полициско обезбедување и амбулантни возила со докторски екипи, а на училишното игралиште слета и хеликоптер.

Во Хрватска денеска е последен учебен ден од првото полугодие за основците и средношколците.

Инаку, истрагата се уште е во тек. Министерката за здравство Ирена Хрстиќ изјави дека пет лица се во болници и сите во моментов се надвор од животна опасност. Тројца ќе бидат подложени на хируршки интервенции.

– Самиот сторител е надвор од животна опасност, потврди Хрстиќ.

Инаку, медиумите пишуваат дека напаѓачот имал психички болести, а тоа го потврди денеска и министерот за внатрешни работи Давор Божиновиќ.

Шокирани сме од овие настани. 19-годишен млад човек влегол во училиштето и со остар предмет ги нападнал наставничката и учениците. Едно дете починало, додека уште тројца повредени се испратени во медицински установи. Наставничката и напаѓачот се во болница и на сите лица им е укажана лекарска помош. Сторителот е 19-годишник кој бил ученик во тоа училиште и моментално живее во близина на тоа училиште, рече министерот.

Тој додаде дека се утврдуваат околностите и динамиката на настанот. Во тек се испитувања на очевидци и други акции на полицијата, разговори, земање снимки од камери.

Насилникот бил совладан десет минути по пријавувањето на настанот, наводно побегнал во блискиот здравствен дом каде што полицијата го пронашла облеан во крв. Како што потврди министерот Божиновиќ, тој се обидел да се самоповреди со нож, па се обидел да се самоубие.

Божиновиќ рече и дека се работи за психички нестабилна личност која минатата година се обидела да се самоубие.

Напаѓачот бил облечен во црно, а некои сведоци велат дека бил маскиран. Влегол во училиштето и го нападнал момчето. Потоа со нож ги повредил него и останатите.

-Тој си нанел и почнал да си нанесува повреди, исто така со нож. Се сокрил во блиските простории на Здравствениот дом. Полицијата го спречила да се самоубие, кажа министерот.

-Тешко е да се каже дека личноста била психички урамнотежена, додаде Божиновиќ.

Министерот за образование Радован Фукс изјави дека детекторите за метал се непрактични во училиштата, бидејќи проверката би траела со часови. Ова училиште, како што рече, има и видео надзор.

-Не се работи за ученик или терористички чин. Колку што знам, училиштето било отклучено и тој влегол, рече министерот.

Мајката на напаѓачот кој утрово упадна во училиштето „Пречко“ во Загреб и избоде деца, од кои едното беше убиено, се огласи и даде детали за нејзиниот 19-годишен син.

Како што пренесува хрватски 24сата.хр, мајката и останатите членови на домаќинството од страв не спиеле ноќе, а се обиделе да му помогнат.

„Го молев докторот да не го пушти бидејќи не беше за надвор способен“, рекла мајката на младиот човек, објаснувајќи дека тој e емотивно нестабилна личност и има две дополнителни дијагнози.

„Ми рекоа дека напаѓачот е мојот син. Пред скоро време ме заклучи мене и мајка ми во станот, ни ги зема мобилните телефони, па потоа заврши во болница. Го молев докторот да не го пушта бидејќи не е за пуштање“, рече таа.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy