Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПРЕД ИСТЕКОТ НА РОКОТ, УЈП ИСПРАТИЛА ИЗВЕСТУВАЊА Над 14.000 обврзници добиле пораки за пријавување ДДВ за последниот квартал
Македонија

ПРЕД ИСТЕКОТ НА РОКОТ, УЈП ИСПРАТИЛА ИЗВЕСТУВАЊА Над 14.000 обврзници добиле пораки за пријавување ДДВ за последниот квартал

27/01/2026

AA

Управата за јавни приходи (УЈП) тековно презема активности во рамките на своите надлежности со цел даночните обврзници непречено да ги исполнат законските обврски за поднесување ДДВ-04 пријава, информираат од УЈП по реакциите дека поради технички проблеми во функционирањето на системите на УЈП, даночните обврзници биле оневозможени да поднесат ДДВ-04 пријава за последниот даночен период.

Нагласуваат дека во периодот на масовно поднесување на пријавите не биле забележани технички проблеми во функционирањето на системот.

Во таа насока, како што велат, користејќи ги сите расположливи официјални канали, пред истекот на законскиот рок за доставување на ДДВ-04 пријавите, од нивна страна објавено е соопштение на официјалната веб-страница на УЈП на 23.1.2026 година со апел до сите даночни обврзници навремено да ги достават потребните документи до своите сметководители и да ја исполнат законската обврска за поднесување и плаќање на данокот на додадена вредност искажан во месечните и тримесечните ДДВ-пријави и да ги исполнат своите законски обврски навремено за да избегнат стрес и дополнителни финансиски трошоци.

Линк: http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/1188 .

„Проследени се и превентивни пораки преку електронската пошта info@ujp.gov.mk на 22.1.2026 година до 2.534 даночни обврзници, кои имаат обврска да поднесат ДДВ-пријава за даночниот период 1.12.2025 – 31.12.2025 година, како и на 23.1.2026 година до 11.967 даночни обврзници, кои имаат обврска да поднесат ДДВ-пријава за даночниот период 1.10.2025 – 31.12. 2025 година“, посочуваат од УЈП.

Нагласуваат дека во периодот на масовно поднесување на пријавите Управата за јавни приходи обезбеди континуирана техничка поддршка и достапност на ресурсите, вклучително и увид во функционалноста на системите во согласност со кој не беа забележани технички проблеми во функционирањето на системот.

„За тоа е објавено соопштение на официјалната веб-страница на УЈП на 26.1.2026 година со укажување дека поднесувањето голем број на ДДВ-04 пријави во последниот ден значително го оптоварува електронскиот систем поради што можно е зголемување на времето на чекање за обработка на даночните пријави“.

Линк: http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/1189 .

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy