
Празнична магија во Тетово: Градот конечно украсен!
По четири години не украсување на градот, вчера Тетово го доби својот празничен лик.
Централното градско подрачје и главните улици беа украсени со илјадници светилки и декорации.
Градската атмосфера веќе го најавува доаѓањето на претстојните празници, внесувајќи свежина и ведрини низ тетовските сокаци.
Градоначалникот Билал Касами ја сподели празничната атмосфера со јавноста, истакнувајќи дека градот денес раскажува една нова приказна исполнета со светла и бои.
Тој упати честитки до сите сограѓани кои ги слават празниците.
Сликите од накитеното Тетово брзо се проширија на социјалните мрежи, каде граѓаните со задоволство го коментираат новиот изглед на својот град.
