
Празнична магија на плоштад „Македонија“: Дедо Мраз ги израдува најмладите
Со многу насмевки, детска радост и празнични изненадувања, денеска на плоштадот „Македонија“ започна новогодишната бајка организирана за најмладите.
Главна ѕвезда на настанот беше Дедо Мраз, кој со полни раце подароци внесе топлина и празнична магија меѓу дечињата. На настанот присуствуваше и Орце Ѓорѓиевски, кој истакна дека ваквите моменти се клучни за создавање спомени кои траат цел живот.
„Денес ја почувствувавме вистинската празнична магија. Им благодарам на сите родители и дечиња кои беа дел од оваа прекрасна приказна. Заедно создаваме моменти кои ќе се паметат,“ порача Ѓорѓиевски.
Организаторите најавуваат дека празничната забава на плоштадот не завршува тука – таа ќе продолжи секој ден со нови содржини, а граѓаните се поканети масовно да се приклучат и да ја почувствуваат новогодишната атмосфера во срцето на Скопје.

