Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Правите театар“, рече судијата и не дозволи во целост да се прочита писмото на мајката на Вања – писмото го пренесуваме ние во целост!
Македонија

„Правите театар“, рече судијата и не дозволи во целост да се прочита писмото на мајката на Вања – писмото го пренесуваме ние во целост!

11/06/2025

AA

Денешното судско рочиште за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежоски беше одбележано со длабока болка и уште подлабоко разочарување. За време на завршните зборови на Обвинителството, мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска, преку својот адвокат достави писмо до Судот – обраќање полно со човечка болка и повик за правда.

Сепак, судијата не дозволи писмото да биде прочитано во целост. Со зборовите: „Правите театар“, гласот на мајката беше прекинат, нејзиниот крик потиснат во судница која, по нејзините зборови, требаше да биде место на вистината и правдата.

Во продолжение целото писмо:

“Почитуван Суде,

Се обраќам до Вас не само како мајка на Вања, туку како човек кој живее со најтешка и необјаснива болка.

Скоро една година, целата јавност внимателно го следи овој макотрпен судски процес. Сите обвинети се изјаснија дека не чувствуваат вина за делата што им се ставаат на товар. Во текот на процесот, беа презентирани низа материјални докази и сведоштва. Секојдневно и насекаде слушаме различни теории на заговор, одбрани базирани на наводни политички прогони, местенки, безбројни приговори… Но, за жал, еден факт останува непобитен – Вања ја нема.

Ја киднапирале и ја однеле. Ја убиле безмилосно, на најбрутален начин. Детето мое.

Кога ќе слушневме за некој немил настан низ светот, на двете мои ќерки им велев дека вакви работи во Македонија кај нас не се случуваат. Далечни ми беа.

Но се случи. И тоа токму мене, на моето најмило. И не смее да се повтори. Ниеден родител не смее да го доживее тоа што јас го доживеав – да го испрати детето во училиште и по една недела да го најде во мртовечки сандак.

Вања не е само број на жртва.

Вања беше живот – со очи, со глас, со планови.

Таа беше ќерка, сестра, внука, братучетка, другарка. Имаше 14 години и како секоја деветоодделенка се радуваше на долгоочекуваната полуматура. Правеше планови за зимување и летување со другарчињата од одделението и подготвувајќи се за новите предизвици со кои требаше да се соочи во средно училиште – жалеше за разделбата од соучениците од основното училиште.

Вања сакаше да гледа стари филмови од 70тите и 80тите. Ги знаеше знамињата и главните градови – буквално на сите држави во светот. Кога ќе ја заинтересираше некоја тема, ја проучуваше детално, наоѓајќи одговор за секое прашање. Ја сакаше историјата, а најмногу сакаше да го проучува холокаусот – не можеше да разбере како е можно да се случи такво зло на толку луѓе.

Секое утро со музика се подготвуваше за на училиште. И тоа утро – последното утро, стана, си ја пушти омилената песна и потпевнувајќи, се подготви на училиште. Ја испратив до врата и и реков „се слушаме, мама, подоцна”. Тоа беше последен пат да ја видам.

Вања не ја дочека полуматурата. Не ги дочека ниту патувањата со соучениците, не дочека ниту да ги искуси предизвиците на средното училиште, на новите другарства, на првата љубов, на создавањето на свое семејство и остварување на личните амбиции…

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy