![Правда бара Комората на извршители да го испита случајот со нападнатиот новинар](https://novina.mk/wp-content/uploads/2024/03/1711118761_pravda-850x560.webp)
Правда бара Комората на извршители да го испита случајот со нападнатиот новинар
Министерството за правда побара од Комората на извршители да го испита случајот поврзан со новинар а во кој е инволвиран извршител од Гостивар и доколку постои евентуално пречекорување на Законот за извршување и Кодексот на професионалната етика на извршителите, да се преземат соодветни мерки.
Како Министерство за правда посочуваме дека извршителот е должен во однесувањето кон јавноста да постапува покажувајќи афирмација и уважување на дејноста извршител, да не се однесува навредливо, да биде трпелив, достоинствен и учтив како и да ги почитува странките и нивното достоинство.
Извршителите се должни да го применуваат Кодексот на професионална етика кој претставува збир на пишани стандарди за однесување и постапување на извршителите во рамките на својата дејност, односно примена на Законот за извршување.