Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пратениците усвоија извештаи и изгласаа законски измени
Македонија

Пратениците усвоија извештаи и изгласаа законски измени

03/04/2025

AA

Во рамките на денешната 41-ва пленарна седница пратениците без расправа го усвоија Годишниот извештај за работата на Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите во 2024 година, помина и Годишниот извештај за работењето на Оперативно-техничката агенција за 2024 година.

Пратениците го изгласаа Предлог на законот за изменување на Законот за нациoналната инфраструктура на просторните податоци на Република Северна Македонија.

Не беше прифатен Предлог на законот за рехабилитација на Република Северна Македонија поднесен од пратеникот на „Европскиот фтон“, Сали Мурати кој при образложувањето истакна дека законот се однесува на е овозможување на целосна и ефикасна рехабилитација на лицата кои биле жртви на политички прогон во периодот од 2 август 1944 година до денот на стапување во сила на овој закон.

Исто така, пратениците дадоа поддршка да се проследат на натамошно второ читање неколку предлог-закони: Предлог на законот за изменување на Законот за вработување и работа на странци, Предлог на законот за изменување на Законот за Европски работнички совет, Предлог на законот за изменување на Законот за евиденциите во областа на трудот, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за градење, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка и Предлог на закон за работно ангажирање на лица.

Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски информира дека за првите пет точки – Предлог на законот за ратификација на Протоколот за изменување и дополнување на Конвенцијата за кривичните дела и некои други акти извршени во воздухоплови, Предлог на законот за ратификација на Протоколот за дополнување на Конвенцијата за сузбивање на незаконито грабнување на воздухоплови, Предлог на законот за ратификација на Конвенција за спречување на незаконски дејствија поврзани со меѓународното цивилно воздухопловство, Предлог на законот за ратификација на Факултативниот протокол на Конвенцијата за правата на детето за постапка по претставки и Предлог на законот за ратификација на измената на Конвенцијата за оцена на влијанието врз животната средина во прекуграничен контекст усвоен во Софија, на 27 февруари 2001 година и втората измена на Конвенцијата за оцена на влијанието врз животната средина во прекуграничен контекст усвоен во Цавтат, на 4 јуни 2004 година, од 41. седница ќе се расправа и ќе се гласа кога ќе се создадат деловнички услови. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy