Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пратениците се уште расправаат на собраниската седница за владината реконструкција
Македонија

Пратениците се уште расправаат на собраниската седница за владината реконструкција

16/02/2023

AA

На барање на координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески, заседанието на собраниската седница на која се расправа за владината реконструкција во моментов е во пауза и ќе продолжи по 23 часот.

Митрески од говорницата рече дека ВМРО-ДПМНЕ успешно коалицира со Левица, но не можат да се договорат што треба да прават и затоа побара еден час пауза.


По претходната пауза, во 21.30 часот седницата продолжи со обраќање на координаторот на пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ Никола Мицевски, кој се осврна на изјавата на вицепремиерот за европски прашања и секретар за меѓународни односи во СДСМ, Бојан Маричиќ, како што рече, кој ја обвинува опозицијата дека нема аргументи и го блокира Собранието и не може да се избере Влада.

Мицевски порача дека Собранието е единственото место каде треба да се спротивстават аргументите.


– Во салата има тројца пратеници од СДСМ, од партијата од која доаѓа вицепремиерот. Контрадикторни сте. Од една страна обвинувате за блокада од опозицијата, а од друга страна вие пред 10 дена на една национална телевизија рековте дека Собранието работи и сме донеле 374 закони, 140 одлуки, 20 ратификации. Работиме или не. Не сум јас крив што вие пуштивте празна апликација за разрешување на луѓе за кои пред една година зборувавте дека оваа е Владата и со овие луѓе прогресот ќе дојде, рече меѓу другото Мицевски.

Седницата почна пред четири дена, а треба да се заокружи расправата по првата точка – предлогот за разрешување членови на Владата, на досегашните министри за здравство Беким Сали, за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и министерот без ресор задолжен за дијаспора Џемаил Чупи. Тие се кадри на Алтернатива која ја напушти владината коалиција и ќе бидат заменети со министри од Алијанса за Албанците, новиот коалициски партнер во Владата.


Вечерашната дебата ја одбележаа обвинувања од опозициските пратеници за економско, национално и културно предавство, за корупција, уништен здравствен и образовен систем, како и критики за откажувањето на еврообврзницата и за „пазар три коалиција“.


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy