
Пратениците од Европски фронт нема да гласаат за Владата на Мицкоски
Од внатрепартиски извори од Европскиот фронт, како што дознава ТВ21, Европскиот фронт ќе ја напушти седницата пред гласањето на новата Влада. Во Собранието денес продолжува расправата за гласање на новата Влада. Мандатарот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пред пратениците ја презентираше владината програма. До вечерва Македонија ќе добие нова Влада.
