
Познати се сите четвртфиналисти во ЛШ – ждрепката е во петок
Реал Мадрид и Наполи не дозволија сензација, фаворитите го обезбедија местото меѓу осумте најдобри во Лигата на шампионите. Пред нив тоа го направија Баерн Минхен, Бенфика, Челси, Интер, Манчестер Сити и Милан.
Италијанската Серија А има најмногу екипи во четвртфиналето, дури три, Милан, Наполи и Интер. Англичаните се со Челси и Манчестер Сити, а Ла Лига има само еден клуб, Реал Мадрид. По еден имаат и Германија во Баерн Минхен и Португалија во Бенфика.
Ждрепката за четвртфиналето е во петок со почеток од 12 часот, но покрај тие дуели ќе бидат извлечени и евентуалните полуфинални двојки.
Првите четвртфинални мечеви се играат на 11 и 12 април, реваншите се седум дена подоцна.