
Познати се 10 стадиони за ЕП 2028 во В. Британија и во Ирска, го нема – „Олд Трафорд“!
Изненадувањето е тоа што меѓу стадионите нема два големи и звучни, пред сѐ домот на Манчестер јунајтед – „Олд Трафорд“. Причината за тоа е фактот што „Црвените ѓаволи“ тогаш ќе го реновираат својот стадион и нема да биде достапен. Исто така, нема да се користи ниту „Лондон стејдиум“, арената на Вест Хем, која беше пуштена во употреба во 2012 година.
Меѓу десетте, два сѐ уште не се изградени, новиот стадион на Евертон, „Брамли-Мур Док“ и „Касемент парк“ во Белфаст. Освен тој на Евертон, Англија ќе има уште пет други, „Вембли“ и „Тотнем стејдиум“ во Лондон, „Вила Парк“, „Етихад“ и „Сент-Џемс парк“. Ирска ќе биде претставена со „Даблин Арена“, а по еден град-домаќин ќе имаат и Шкотска и Велс, „Хемпден парк“, домот на Ренџерс и „Принсипалити“, во Кардиф.
Досега Англија беше домаќин на ЕП во 1996 година, а во ЕУРО 2020, кое се одржа во повеќе европски земји учествуваа и „Вембли“ и „Хемпден парк“.