
Позната банка отстранета од црната листа, но Австрија мораше да „даде“ нешто за возврат
Имено, Австрија дала одобрение за 12. пакет санкции на ЕУ против Русија, откако Украина од црната листа ја отстрани „Рајфајзен банка интернешенел“, објави веб-страницата на украинската влада и дипломат на Европската унија.
Австрија се залагаше банката да биде отстранета од листата на Украина на таканаречените „меѓународни воени спонзори“ – која има за цел да ги „срами“ фирмите кои работат во Русија за кои се вели дека ги поддржуваат воените напори, на пример со плаќање даноци.
– Австриската воздржаност кон санкциите е укината – изјави дипломатот на ЕУ.
Црната листа, инаку, нема правен статус, но е симболично важна, бидејќи го зголемува притисокот на јавноста врз „Рајфајзен“ да ја напушти Русија. Австриската банка соопшти дека е „подготвена да го стори тоа“, но сè уште работи таму.
Austria approved the EU’s 12th package of sanctions against Russia after Ukraine removed Raiffeisen Bank International from their list of war sponsors, Reuters reports pic.twitter.com/Z5M7V8l20W
— NEXTA (@nexta_tv) December 17, 2023
„Статусот е суспендиран за периодот на билатерални консултации во кои учествуваат претставници на Европската комисија“, објави во саботата веб-страницата на украинската влада за статусот на „Рајфајзен“. Австрија сакаше оваа банка да се отстрани од црната листа, во замена за потпишување на последниот пакет санкции на ЕУ против Русија.
Фото: Принтскрин/Твитер
