
Позната авиокомпанија ги приземји сите авиони – ќе има доцнења на летовите
Позната авиокомпанија ги приземји сите авиони, а поради тоа ќе има доцнања на летовите.
Се работи за авиокомпанијата Луфтханза.
Според информациите, компанијата се соочува со прекин на ИТ.
„Во моментов, авиокомпаниите на групацијата Луфтханза се погодени од прекин на ИТ. Ова предизвикува одложувања и откажувања на летови. Жалиме за непријатностите што им ги предизвикува на нашите патници“, велат од компанијата.